Skip to main content

Со „мерцедес“ удрил во велосипедистка и побегнал

Вчера во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрило во велосипед управуван од Ј.Б.(70) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во незгодата, Ј.Б. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести