Skip to main content

Скопјанец упаднал во магацин, го претепал чуварот и избегал со електричен алат вреден 6.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Осомничениот 29-годишник, на 12.10.2024 година, влегол во магацин на објект во градба на булеварот „Борис Трајковски” за да одземе разновиден електричен алат, калориметри и други предмети во вкупна вредност од околу 363.000 денари.

Кога при кражбата бил затекнат од чувар на градилиштето, осомничениот употребил сила и закана дека ќе го убие, физички го нападнал со тупаници по лицето и тешко телесно го повредил. Потоа побегнал, носејќи со себе една вреќа украдени предмети, се наведува во соопштението.

Имајќи предвид дека осомничениот и претходно бил осудуван за кражби, како и начинот на кој го извршил ова дело, јавниот обвинител оценил дека постои ризик од бегство и опасност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор. 

Поврзани вести