Skip to main content

Си играл покрај трансформатор: 12-годишник преживеа струен удар

Вчера во 16.20 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар Тетово било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош е донесен повреден 12-годишник од с.Седларево.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди од струен удар додека си играл покрај трансформатор во селото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од тетовската полиција.

Поврзани вести