
Попладнево имало пукање во близина на Бит Пазар.
Неофицијално, како што пренесуваат ТВ 21, има една жртва. Според првичните информации, повредена е и жена, минувач.
Пукањето се случило во близина на Полициска станица Бит Пазар.
На терен има дополнителни полициски сили.
Се очекуваат официјални информации од МВР.