На 23.01.2025 околу 19.10 часот во с.Волково, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје запреле и извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, било констатирано дека возилото го управувал малолетник од Скопје, а во возилото било пронајдени пет пиштоли, од кои два пневматски и три огнено оружје, шест рамки и 16 куршуми различен калибар. По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко Д.Н. поседувал дозвола, додека другите два пиштоли ги поседувал без дозвола. По документирање на случајот и во кооординација со јавен обвинител, против Д.Н. е поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.