
Педесет и четиригодишниот Б.Ќ од Велес на 18.05. бил пронајден починат во домот каде привремено престојувал во овој град.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информираа од СВР Велес.
Од таму појаснија дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне во 17:00 часот и увид бил извршен од нивна екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.