Skip to main content

Приведено лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведено лицето кое го скрши стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Станува збор за 54-годишниот Ш.А. 

– Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Поврзани вести