Skip to main content

Приведено лице од Тетовско за издржување четиригодишна казна затвор

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера во 15:30 часот во тетовското село Камењане, го привеле Б.К.(57) од ова село за издржување четиригодишна казна затвор.

Како што информираат од МВР, лицето било баранo со судска наредба за издржување затворска казна од четири години за кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394-2, „изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости” по член 266 и „прикривање” по член 261 став 3 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Поврзани вести