Skip to main content

Приведен раководителот на сектор урбанизам на Маврово Ростуше, со мито на рака – МВР продолжува со борбата против криминалот

Денеска е приведен Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, фатен со обележани пари

Реализиран случај на примање поткуп. На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски). Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети. Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени – велат од МВР.

Поврзани вести