Skip to main content

Приведен 26-годишен скопјанец кој со возило удри двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Полицицијата го лишила од слобода М.Р. (26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на булеварот “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.

Како што информираат од МВР, двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.

Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.



Поврзани вести