
„Ater“ е проект кој ги поврзува различните периоди и авторски интереси на Михаил Парушев, притоа создавајќи нова концертна целина во која старите композиции добиваат нов контекст, а необјавениот материјал за првпат се среќава со публика во живо.
На 6 октомври во Public Room ќе се одржи концертната промоција на „Атер“, новиот музички проект на тапанарот и композитор Михаил Парушев, кој низ осум композиции отвора простор за музичка средба меѓу авторскиот израз, современиот звук и препознатливиот сензибилитет на Parussion.
„Атер“ обединува веќе создадени, но и досега необјавени композиции, како и нови верзии на дела од различни периоди од творештвото на Парушев. Во проектот се вклучени композиции од „Lulka“ (2007), „KAVALIUS“ (2016), како и новите верзии на „Lux Part 1“, „Debar Dobar Dabar“ и „She Is“, која воедно е носечка композиција на проектот.
Посебно место во „Атер“ има и обработката на „Во наше село, чешма шарена“, во аранжман на Парушев.
На концертот публиката ќе има можност да слушне и дела од проектите „Agol“ и „Ringishpill“, како и речиси сите композиции од „Ater“ кои се изводливи во живо. Концертната изведба е замислена како целосно живо претставување на музичкиот материјал и неговите различни фази и облици.
Парушев на сцената ќе настапи со Parussion Group, составен од музичари со различни инструментални и музички изрази:
Александар Бошков – гитара
Иван Иванов – флејта и саксофони
Јован Цветковиќ – пијано
Иван Бејков – бас
Михаил Парушев – тапани
„Ater“ е проект кој ги поврзува различните периоди и авторски интереси на Михаил Парушев, притоа создавајќи нова концертна целина во која старите композиции добиваат нов контекст, а необјавениот материјал за првпат се среќава со публика во живо.
Промоцијата на „Ater“ ќе се одржи на 6 октомври во Public Room, со настап на Parussion Group а билетитеза концертот може да се набават на тикс.мк.

Македонски


