Skip to main content

16-годишник ненамерно повредил другар со остар предмет

Вчеравечер во 22:30 часот во СВР Тетово, Б.Ш.(47) од с.Челопек, тетовско, пријави дека околу 18:30 часот, додека неговиот малолетен син седел на клупа во близина на Културниот дом во Тетово, 16-годишникот малолетник, негов другар од тетовско село, ненамерно со остар предмет му нанел повреда.

Подоцна, 16 – годишникот, во придружба на родител и адвокат, сам се пријавил во СВР Тетово, при што е лишен од слобода за кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.

За настанот е известен Јавен обвинител и се работи на целосно документирање на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести