Skip to main content

Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево

ЦУК

При преглед на надзорна камера, регистрирано лице кое подметнува пожар во делчевската населба Први Реон. Настанот се случил во вечерните часови на 9 јули, а на снимката се забележува лице кое по палењето бега од местото на настанот.

Инцидентот кој е пријавен до надлежните служби од страна на жител на Делчево се случил во доцните вечерни часови на горенаведениот датум.

Локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават вакви и слични сомнителни активности.

Во услови на екстремно топло време и суво растениe, ваквите постапки се исклучително опасни и можат да доведат до големи пожари и загрозување на животи и имоти, се вели во апелот од надлежните.

Поврзани вести