Пожар во Визбегово – огнот од дивата депонија стигна до првите куќи во населбата Хроника 29.06.2025 Силен чад се гледа во скопско Визбегово. Избил голем пожар кој потекнува од дивата депонија во близина. Пожарот брзо се прошири и стигна до првите куќи во населбата. Противпожарните екипи се на терен и интензивно работат на локализирање на огнот.