Skip to main content

Пожар во стан во Аеродром на Велигден, татко и син завршија во болница

На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стан, сопственост на П.Д.(74).

-Од пожарот со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот син О.Д.(52), поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести