
Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле.
Полицијата со детали за пожарот во куќа во скопско Козле кој сред ноќ ги вознемири скопјани.
– На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, известија од МВР.
Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.