Во скопската населба Капиштец синоќа малолетни лица кршеа шишиња, фрлаа петарди и предизвикуваа тепачки. Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар упати апел до Министерството за внатрешни работи да преземе мерки.
Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага”, вели градоначалникот Герасимовски.
Очекуваме брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија. Малолетниците кои се вклучени во вакви дејства, како што е вандализмот, често не се свесни за последиците од своето однесување. Ова не само што им наштетува на другите, туку можат да се повредат и тие самите, соопшти Општина Центар.