Skip to main content

Полициска потера низ Тетово, маж удрил во полицаец, имало и пукање

Вчеравечер во 22.05 часот на улица ,,Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Р.(32) од Тетово.

Како што соопшти СВР Тетово, тој управувајќи патничкото возило „опел“ со скопски регистарски таблички, во кое имало уште три машки лица, на ул.„Тодор Циповски Меџан“ во Тетово не застанал на даден знак за запирање на полициски службеници.

Возилото било запрено на улица ,,Радован Цониќ“, но Ш.Р. со вратата од возилото удрил полициски службеник и
се дал во бегство.

Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух.

Околу 22.05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести