![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/droga-kamion-960x1280-1-768x1024.jpg)
Бирото за јавна безбедност при МВР и Царинската управа во заедничка акција откриле поголема количина дрога на граничниот премин Богородица.
Неофицијално, на ГП Богордица координирано бил пресечен канал за шверц на наркотична дрога. Тимови од Царина и полиција од синоќа на „Богородица“ вршат детални проверки на камиони.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/droga-kamion1-690x920-1.jpg)
Дрогата била пронајдена во камион со македонски регистерски ознаки, кој бил товарен со рециклирана отпадна хартија, според првичните информации во земјава влегол од Косово и требало да оди за Грција, па од таму кон Турција како веројатна крајна дестинација.
Повеќе детали за акцијата се најавуваат во текот на денот.
Заедничката меѓуинституционална соработка и активности ја докажуваат определбата за борба против криминалот и корупцијата на секое поле.