Skip to main content

Побаран притвор за штипјанецот кој ја уби својата мајка

Freepik

Основното јавно обвинителство Штип отвори истражна постапка против 54-годишен жител на градот, осомничен за убиство на својата 84-годишна мајка, кривично дело од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Трагедијата се случила рано утрово во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип. Според обвинителството, осомничениот – под дејство на алкохол со концентрација од 2,43 промили во крвта – по вербална расправија земал ловечки нож и и нанел убодна рана во пределот на вратот на својата мајка. Жената починала на лице место.

Јавниот обвинител поднел предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип за определување мерка притвор.

Поврзани вести