Skip to main content

По силното невреме во Скопје има материјални штети и регистрирани пожари

По силното невреме проследено со интензивни ветрови, во повеќе делови од градот Скопје се предизвикани материјални штети и регистрирани пожари. Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, додека Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите релевантни служби на терен. Директорот на ЦУК, Мухамед Алу, заедно со дежурните служби при ЦУК, ги координираат активностите и ги информираат сите надлежни институции со цел навремено постапување.

Согласно досегашните информации, нема евидентирани повредени лица.

Ги повикуваме граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или воочат дополнителни ризици, веднаш да се јават на бројот за итни повици 112.

Поврзани вести