
Четириесет и петгодишен државјанин на Македонија во неделата околу 6 часот утрото предизвикал сообраќајна несреќа на улицата Радничка во Загреб, објави Индекс.хр.
Тој управувајќи возило „фолксваген пасат“ со загрепски регистарски таблички на паркинг простор со предниот лев дел од неговиот автомобил удрил во задниот дел од „рено клио“ со загрепски регистарски таблички, сопственост на 40-годишна жена, кое било паркирано.
Со истрагата и направен алкотестот е утврдено дека 45-годишниот возач го управувал возилото со 1,76 промили алкохол во крвта. Возачот бил уапсен, а подоцна и изведен во Општинскиот прекршочен суд во Загреб. Во сообраќајната несреќа предизвикал материјална штета.
Во обвинителниот акт, полицијата предложила возачот да биде казнет со парична казна од 5.360 евра и затвор, како и да му се изрече заштитна мерка забрана за управување со моторно возило Б категорија во траење од 12 месеци.
Судот го прогласил обвинетиот за виновен и му изрекол парична казна од 4.860 евра и заштитна мерка забрана за управување со моторно возило Б категорија во траење од 12 месеци, објави Индекс.