Skip to main content

Палевски со лисици отстранет од судница

Првообинетиот Љупчо Палевски е отстранет од денешното рочиште, на кое се презентираа снимки од траекторијата на возилата вмешани во грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На барање на судијата Ивица Стефановски, тој со лисици на рацете беше изнесен од судницата.

Палевски постојано приговараше и упаѓаше во збор на обвинителката Жаклина Јосифовска, а капак беше презентирањето на снимките од Велес поврзани со „цитроенот“ на Панче Жежовски кој заедно со возилото „рено кангу“ се гледа како оди кон Скопје.

По напуштањето на Палевски беше презентиран домот на Жежовски, како и местото каде што е пронајдено неговото тело, а на друга локација и неговиот мобилен телефон.

По ова обвинетиот Палевски повторно е вратен во судницата. Тој му се заблагодари на судијата што повторно го вратија на рочиштето.

Поврзани вести