Skip to main content

Палевски ми се закани дека пред мене ќе ми ја убие фамилијата, откри Велибор Манев

Oдговарајќи на прашањата на судијата Ивица Стефковски, обвинетиот Велибор Манев денеска во Кривичен суд раскажа како се одвивале подготовките за грабнувањето во Скопје, по убиството на велешанецот Панче Жежовски.

Ја грабнавме поради недостик на пари. Палевски понуди 150.000 евра, но кога виде дека не е таа жена рече дека ќе може да извади по 20.000 евра за секој, призна Манев

Како се подготвувале

Во неделата пред грабнувањето вечерта бевме во канцеларијата на Десна. Јас легнав да одморам и кај 4 часот тргнавме кон Радишани со кангуто. Го земавме Цитроенот кај пазарот и тргнавме кон зградата каде што требаше да биде грабнувањето. Пред нас возеше Палевски со кангуто и пред зградата се издвои на друго место. Претходно знаевме од Палевски дека жената ќе се симне во 7 и 20 часот. Откако ја грабнавме со ракавици одевме по трасата на Палчо, тој одеше напред и ни кажуваше дека се е чисто. Кога стигнавме само Палевски имаше мобилен со кој го сликаше девочето. Бројот од тој мобилен не му го знаевме. Пиштолот тогаш го извади од пикапот за да ја убие, раскажа Манев.

Судијата го праша Манев зошто продолжил со Палчо по првото убиство.

Не ми беше нејасно, но ме уцени дека ќе ми ја отепа фамилијата и мене ако не ја завршиме работата до крај, одговори Манев.

За ранецот во кои биле моторолите и пиштолот со кој е убиена Вања

Тоа беше син ранец со една прерамка, се присети Манев.

На претхидното рочиште рече дека ранецот од седиштето на Десна го изнел потрчко на Палчо со наредба да го уништи.

Сега истото го повтори.

Човекот го зел од канцеларија. А Палевски мене ми се јави за јас да му кажам на тоа лице да го земе ранецот и да го уништи, објасни Манев.

Поврзани вести