
Обвинителката Жаклина Јософовска на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кое обвинетиот Љупчо Палевски одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети, го праша Палчо кое е лицето со кое тој наводно разговарал на 22 ноевмри 2023 година.
Палевски тврди дека тоа лице е претепано од страна на истрагата.
Тоа е лице од интерес на одбраната, а не на обивнителството. Не знам кога тоа лице ќе се осмели да се појави пред судот, рече Палевски.
На минатото рочиште Палевски опиша како му течело утрото кога е убиен Панче Жежовски и оти пред партиското седиште разговарал со некој член, но оти не може да се сети на неговото име.