Skip to main content

Пациент истепал доктор и нападнал полицаец во болницата во Тетово

Жител на тетовското село Челопек што бил примен во тетовската Клиничка болница агресивно се однесувал кон докторот што му укажувал помош, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

Потоа, ги нападнал и полицајците што биле повикани од болничкиот персонал.

Вчера во 16 часот, полициски службеници го лишија М.М. (28) од селото Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово. Тој е пријавен дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А. (31) од селото Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му прижи лекарска помош, се вели во полициското соопштение.

По пристигнувањето на полициските службеници, според СВР Тетово, М.М. агресивно се однесувал кон нив и физички нападнал еден од нив.

Поради тоа, тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести