Skip to main content

Ова се компаниите кои останаа без лиценца за одгледување канабис

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата.

Ова се компаниите останаа без лиценца и од која причина е донесена таква одлука.

  1. Alphafarm – констатиран кусок на сув цвет, необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор.
  2. Green Life – констатиран кусок на сув цвет и несоодветно пакување на сувиот цвет во сеф-соба.
  3. CBD Medplant – кусок на сув цвет во сеф-соба и недоставување целосна документација до Комисијата за купопродажба (доставено е само известување за транспорт).
  4. Life Plant – недостиг на видео надзор во внатрешните простории, необезбедено физичко обезбедување согласно законските услови и недоставување документација за купопродажба на сув цвет.
  5. Ata Farm – непостоење соодветен стручен кадар и необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор.
  6. Kanabinoids – неисполнување на законските услови, недостиг на кадар, обезбедување и видеонадзор, како и констатирани несоодветни активности во дворот на правното лице (продажба на возила).

Поврзани вести