
Рочиштето за убиството на Вања на кое обвинетиот Љупчо Палевски – Палчо требаше да даде исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.е одложено за 23 април.
Судењето е одложено поради отсуство на адвокатот на Палевски. Судот утрово добил известување од адвокатот Јовица Страшевски дека не е во можност да присуствува поради здравствени причини. бранителот на Палевски и на минатото рочиште се жалеше дека не му е добро.
Судијата Стефановски нагласи дека веќе не може да има одлагања и доколку Страшевски не може , на Палевски ќе му биде доделен бранител по службена должност.
Палевски е првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој денеска требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат.
На претходното рочиште Палевски рече дека е невин и киднапиран од судот.