Skip to main content

Објектот некогаш бил магацин за теписони: Лиценцата за кабаре му била до 24 март

Дискотеката која се запали во големата трагедија во Кочани порано била магацин за теписон, дознава Плусинфо. Објектот работи речиси 14 години.

Во времето кога градоначалник на Кочани бил Ратко Димитровски, објектот од државата не добил дозвола да биде дискотека. Но, подоцна добил, а менаџерите се фалеле дека „заслугите“ за тоа се на еден поранешен министер од ДУИ.

Плуинсфо исто така дознава дека лиценцата за кабаре на објектот му била до 24 март.

Пожарот кој избувна во објектот веројатно е предизвикан од пиротехнички средства. На социјалните мрежи се појавија снимки од пламенот кој ја зафати плафонската конструкција над самите рефлектори на дискотеката среде концертот на познатата група ДНК.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е на самото место на настот, се очекува да даде повеќе информации на прес-конференција во 9 часот.



Поврзани вести