
Закажаниот концерт на српскиот пејал Пеѓа Јовановиќ, кој вечерва беше прекинат поради дојава за бомба, ќе продолжи. По дојавата за бомба во спортската сала „Јане Сандански”, полицијата ја провери салата и утврди дека дојавата била лажна.
Во 21.18 часот завршени се антитерористичките проверки при што утврдено е дека се работи за лажна дојава и концертот ќе продолжи”, велат од МВР.
Нешто пред 19 часот вечерва, непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата „Јане Сандански”, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба, соопшти претходно полицијата.
Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата, кои следеле концерт, беа безбедно евакуирани.