Skip to main content

На Табановце уапсен грчки државјанин со фалц бугарска возачка дозвола

На 24.07.2026 во 21:16 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.К.(50) од Република Грција.

При пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана бугарска возачка дозвола.

Известен е јавен обвинител, а лицето било спроведено во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести