Skip to main content

На групата што ангажираше девојки од Бразил ќе им се суди за посредување при проституција и за перење пари

Бразилката која носела Бразилки и посредувала за проституција во Скопје и уште тројца обвинети седнаа на обвинителна клупа и ќе им се суди за Посредување при проституција и за перење пари.

Според досегашните сознанија на МВР, во периодот од декември 2023 година наваму првоосомничената, бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во земјава, заедно со второ и третоосомничените, македонски државјани, како и со две неидентификувани лица од Португалија организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил.

Синџирот бил меѓународен, а според обвинителството, нелегалните активности се одвивале во апартман кој бил изнајмуван за 440 евра и се наоѓал во највисоките згради во Скопје во „Џевахир“. Во групата имало и вмешани Португалци и други непознати македонски државјани.

Групата ангажирала девојки од Бразил кои доаѓале во Скопје и за сексуалните услуги наплаќале по детален ценовник за термини односно 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа.

Поврзани вести