![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/gradeznici-rabotnici-3-740x429-1.jpg)
СВР Струмица поднело кривична пријава против правно лице од тетовското село Вешала и против Р.Х. (54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непреземање мерки за заштита при работа“.
Како што информира МВР, кривичната пријава е поднесена поради непрезејмени мерки за безбедност на градилиште поради што на 12 декември 2024 смртно настрадал 60-годишен вработен (Б.З.)
Првопријавеното правно лице и второпријавениот одговорно лице во правното лице, не презеле мерки за безбедност и здравје при работа на работниците, за работни места на градилишта, а како резултат на тоа вработениот Б.З.(60), при вршење градежни активности на 12.12. 2024 паднал и починал на местото на настанот, соопшти МВР во дневниот билтен.