Skip to main content

Младо момче тешко повредено во сообраќајка во Охрид

На 21.07.2025 во 23.10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(32) од с.Куратица, охридско и мопед „дерби“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.С.(22) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Поврзани вести