Skip to main content

„Мицубишито“ на таткото на Вања на денот кога е убиена тргнало кон Момин Поток

Возилото „мицубиши“ на Александар Ѓорчевски на денот кога е грабната неговата ќерка во 9 часот и 15 минути е забележено како минува на булеварот кај хотелот „Александар Палас“ и се движи кон Момин Поток.

Во 14 часот и 28 минути истото возило минува од Сарај кон Ѓорче Петров. Овие снимки се обезбедени од системот „Сејф сити“.

На претходните рочишта адвокатот на Ѓорчевски објасни дека Александар во паника тргнал да ја бара ќерката откако поранешната сопруга му кажала дека ја нема.

На денешното рочиште за убиствата на девојчето и на Панче Жежовски, Обвинителството презентира снимки за траекторијата на возилата во кои се движеле обвинетите.

Поврзани вести