Skip to main content

Маж од Гостивар, сопругата ја принудувал на сексуални односи, ги малтретирал и децата

На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта.

Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и децата.

Врз основа на тоа, во 23:55 часот бил извршен претрес во домот на И.Т., при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривично дело.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести