Skip to main content

Манев го откри идентитетот на лицето што го уништило синиот ранец на Палчо

Невозможно е Валибор Манев, кој има две ќерки, да не разликува 40-годишна жена од девојче, ова е класично лажење, рече пред судот адвокатот Јовица Страшевски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Овие негови зборови доаѓаат по тврдњето на Велибор Манев дека мислеле дека киднапираат жена, а не дете.

На тоа Манев, кој денеска даваше завршни зборови, рече дека од самиот почеток ја говорел вистината без разлика на казната.

Не негирав туку и на нејасни снимки потвдував. Дообјаснував работи со цел судот да добие јасна слика. Немав сознание дека Палевски сакал да убива. Зарем би копал дупка и би ја маскирал како влезна врата кога би знаел дека лицето треба да се убива. Не, туку би копал гроб. Палевски никогаш не спомнуваше убиства. Знаев дека треба да биде жена на познат фармацевт од која лесно ќе земел пари. И тоа по кажување на Палевски. Обвинителството упорно турка дека сме имале контакт со Александар. Не го познавам, а како дадов изјава дека го знам веќе кажав – со ќотек. Некој овде лаже. На мое големо разочарување сум уценет со животот на мојата фамиија и мене самиот од Палевски. После првото убиство каде што требаше да биде чувана жената го прашавме: каде со втората личност, ова не бил планот. Ни рече – ќе импровизирам, откри Манев.

За Вања

По убиството Палчо нè натера да копаме дупки на смзнатата земја. Без згрозен, но морав да молчам поради уцената. Ги зачував снимките од мојот ресивер, да ги избришам снимките, но така тој ќе имаше алиби а виновници за убиството на Панче ќе бевме јас и Боре.

За синиот ранец

Во канцеларијата дојде Зоран Давитков, член на Десна. Дека ранецот е кај него дознав од Палевски кога ми се јави од турска граница и ми рече „пакетот што е кај Зоран да го уништи“””.

Згрозен сум од овој човек што му ја дадов душата на тацна. Ме манипулираше и подготвуваше како глинен гулаб. Не можев ова ни да го замислам. Бев заслепен од неговиот успех и му поверував во неговиот план за грабнување. Ме убеди дека ќе биде жена, ме внесе во темна просторија за да не можеме да го видиме лицето, дека одбрал патишта без камери. Не знаев дека ќе убива – немаше да прифатам никогаш. Седам овде со чувство на срам кој ќе ме јаде додека сум жив. Во главата ми идат слики од убиството кое ќе ме боли додека сум жив. Ова ми се случи од човек на кого толку му верувам иако ме предупредуваа да не му верувам. За него трчав до Задар да му барам адвокат да ми го направи ова. Испаднав голема наивна будала која си го зацрни животот, заврши Манев

Поврзани вести