
На 27.04.2025 во 15 часот во СВР Тетово e пријавено дека на ул.„Киро Ристоски– Дрнц“ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од с.Шипковица, тетовско и електричен тротинет, управуван од малолетник од Тетово.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.