Skip to main content

Малолетен пешак тешко повреден, го удрил автомобил на „Туристичка“

На 30.07.2025 во 21.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Поврзани вести