
Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ш.(21) од с.Голема Речица, постапувајќи по претходна пријава дека во 10:00 часот во с.Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв” со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа. Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки” со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола, соопшти СВР Тетово.
Според информациите на тетовската полиција тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок

Македонски









