Skip to main content

Кумановец на четирицикл тешко повреден во Кавадаречко 

МИА
МИА

Кумановец кој управувал четирицикл на некатегоризиран пат бил тешко повреден во Кавадаречко, информират од Секторот за внатрешни работи Велес.  

Вчера во 18:25 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 16:30 часот во село Рожден,  кавадаречко, С.С.(45) од Куманово, управувајќи четирицикл на некатегоризиран пат во селото како дел од авантура организирана од здружение на граѓани на подрачјето од село Мрежичко кон Рожден – Трибор – караула Пуљевац – Мајден и завршува до Мрежичко, паднал од четирициклот, појаснија од СВР Велес. 

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен. 

Поврзани вести