Skip to main content

Кривична пријава за скопјанец, не обезбедил услови за работа, двајца повредени работници

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против скопјанец и го сомничи за „тешки дела против општата сигурност, соопшти денеска МВР.

Како што е наведено во билтенот, тој не обезбедил услови за безбедност и здравје при работа, при што двајца работници се здобиле со повреди кога пукнаlа конструкција при изведување изградба на објект во село Липково.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(48) од Скопје, управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 14 декември 2024, пријавениот постапил спротивно на правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа, на тој начин што на објект во изградба во село Липково, поради несоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно монтажно скеле, дошло до пукање на конструкцијата, при што двајца работници се здобиле со повреди, се наведува во билтенот на МВР.

Поврзани вести