Skip to main content

Критична е состојбата на 13-годишното дете кое на Клиника се бори за живот откако врсник го прободел со нож во близина на срцето

Тринаесетгодишно момче се бори за живот на една на клиниките во центарот „Мајка Тереза“ во Скопје. Неговата состојба е сериозна, потврди денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Момчето настрадало синоќа во тепачка меѓу две групи во Чаир и според Министерството за внатрешни работи било избодено со нож. Според информациите од МВР, во тепачката на улицата „Македонско-косовска бригада“ повредени се уште две деца, но полесно. Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице.

Клековски на денешната прес-конференција во Министерството за здравство кажа дека лекарите прават сè што е во нивна можност.

Убод во срце, критично е. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, изјави Клековски.

На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда“ соопшти МВР.

Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

Поврзани вести