Skip to main content

Измамник се претставувал како роднина на повреден од Кочани, барал пари за спреј

Вчера во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(46) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од 52-годишна жена дека ја измамил за сума од 3.000 денари.

Според пријавеното, тој се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека бил сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба, при што од неа побарал пари за да купи спрејови за роднината.

Како што е пријавено, таа му дала пари, но откако не приложил фискална сметка, сфатила дека била измамена.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести