Skip to main content

Измамник му ветил работа и престој во Скопје – Турчин останал без 6.650 евра

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, М.С. од Турција пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 6.650 евра.

Според пријавеното, тој во месец октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето, кое наводно посредувало за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати лично и преку трансакциска сметка му ги исплатил паричните средства, а исто така платил и за договор за закуп на стан, кој бил заверен на нотар. Откако лицето не му се јавило подолг период сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести