
Во пожар што избил ноќеска во скопската населба Лисиче изгореле две куќи, а од нив огнот се префрлил на покривот на соседната, па и тој е пеплосан, соопшти Територијалната противпожарна единица на Скопје
На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57), стои во соопштението.