
Стршен пожар ги разбуди ноќеска жителите на Карпош 4. На првиот кат во една од зградите изгоре стан во три изутрина, а соседите по пижами излегле долу пред влезот. Набрзина дошле пожарникари и полиција а дури утрото на станрите им било дозволено да влезат во своите домови и да го земат неопходното.
Покрај станот изгорел и дуќан а во зградата сѐ уште нема парно, струја и вода.