Skip to main content

Изгаснат пожарот во фабриката за муниција Самоков

Изгаснат е пожарот кој избувна синоќа во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во населбата Самоков, во близина на Македонски Брод. Огнот зафатил магацинска хала во која се чувале хемикалии, но за среќа, бил брзо локализиран и изгаснат.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека во ниту еден момент немало сериозна опасност од проширување на пожарот кон останатите делови на фабриката, што помогнало да се избегне поголема катастрофа со потенцијално опасни последици.

Во пожарот нема пријавени повредени лица, а штетата ќе се утврдува дополнително.