Skip to main content

Инцидент на Евзони: Македонец и Грк се степаа за земен ред во колоната

Инцидент, кој прерасна и во физичка пресметка се случи на граничниот премин Евзони.

Според очевидци на непријатната случка, во инцидентото учествувале Грк и Македонец, а причината била недоразбирање околу редот во колоната.

Пред физичката пресметка, возачот на грчкото возило излегол од автомобилот и застанал пред автомобилот со битолски регистарски таблички и не му дозволил да продолжи да се движи. Во гужвата веднаш се приклучиле и останатите патници.

Според очевидци, најверојатна причина за таквата постапка на Гркот било тоа што македонското возило се прикнало преку ред во колоната.

Поврзани вести