Skip to main content
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА ЗА ИВА МИХАЈЛОВА

Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман или различна примена на законот

инистерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михајлова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, додека е во сила судска забрана.

Министерството соопшти дека владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот, почитување на судските одлуки и доследна примена на правните процедури.

-Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман или различна примена на законот. Како соседни држави посветени на европската перспектива, имаме обврска односите да ги градиме врз заемна доверба, почитување и ефикасна правна соработка. Тоа подразбира и доследно почитување на правните обврски и независноста на судските постапки, наведува Министерството за правда во реакцијата. 

Ја нагласува важноста на институционалниот дијалог и соработката, со цел, „сите отворени прашања да бидат разрешени врз основа на фактите, законите и меѓународните правни механизми“.

Поврзани вести